Советот за безбедност на ОН во понеделникот одржа итен состанок на кој разговараше за ситуацијата во Појасот Газа, а неколку членки изразија загриженост поради кревкото примирје меѓу Израел и палестинскиот исламски џихад, по тридневните израелски воздушни напади на територијата, пренесува „Ал Џезира“.
Во видео обраќањето на почетокот на состанокот, претставникот на Обединетите нации (ОН) за Блискиот Исток, Тор Венесланд, истакна дека продолжувањето на непријателствата ќе има „погубни“ последици.
Рускиот амбасадор Василиј Небензја истакна дека Советот е „длабоко загрижен за развојот на настаните кои би можеле да доведат до обновување на воен конфликт од целосен обем и дополнително влошување на и онака тешката хуманитарна ситуација во Газа“.