327
Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ често споделува фотографии од приватниот живот, па овој пат за социјалните мрежи позираше со сопругот Бастијан.
Славната двојка овој викенд присуствуваше на традиционалниот натпревар во голф меѓу Европа и САД. Во тоа име објавија заедничка фотографија и се заблагодарија за поканата.
Под фотографијата имаше коментари од целиот свет за тоа колку убаво изгледаат заедно, а кога би требало да изберат една хармонична и совршена двојка, тоа сигурно би биле Бастијан и Ана.