Создаден апарат за паметен телефон кој прави тестови за ХИВ

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Научниците изработија нов додаток за смартфон, преку кој може да се прават тестови за ХИВ и сифилис.Chinese-web-companies-smartphones

Апаратот кој се прикачува на телефонот ќе користи минимално количество крв, а резултатите ќе бидат јасни за 15 минути, соопштува “Дигитал џурнал”.

Истражувачите од Универзитетот Колумбија за инженерство и применета наука го развиле апаратот кој се напојува само од батеријата на смартфонот. Тој се поврзува со софтверот на телефонот преку апликација која ги покажува резултатите. Едно полнење на “Ајфон тач” на пример би можело да напојува 41 тест.

Апаратот сè уште не е во продажба, но близу 100 примероци од него веќе биле користени врз пациенти во Руанда. Тој се тестира како дел од програмата за намалување на болести, како и пренос од мајка на дете во земјата.

Новиот апарат е многу полесен, мал, евтин и едноставен во споредба со други слични апарати.