Создадоа “безгрешен” Фејсбук

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Група бразилски евангелисти создадоа социјална мрежа во која е забранета употребата на вулгарности и било каква еротска содржина._84081436_facegloria

Мрежата е наречена „Фејсглорија “и само за еден месец добила 100 000 членови.

„Фејсглорија” ја забранува употребата на 600 зборови кои според основачите се грев. Наместо „Ми се допаѓа” има опција „Амин”.

Оваа социјална мрежа засега има верзија само на португалски јазик, но нејзините креатори уверуваат дека наскоро таа ќе се појави и на други јазици, како и дека ќе добие верзија за мобилни телефони.

“Во Фејсбук можете да најдете многу насилство и порнографија. Затоа сакавме да направиме мрежа, во која ќе може да се зборува за Господ, за љубовта и да се шират божјите зборови”, рече веб дизајнерот Атила Барош, кој е еден од основачите. Според него нивниот социјален простор брзо ќе стане конкуренција на „Фејсбук” и „Твитер”.