197
Генералната конференција на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (IAEA) се одржува во време кога се соочуваме со комбинација на предизвици, составена од војна, енергетска криза и криза за снабдување со храна, која е пред нас, истакна денеска во Виена генералниот директор на оваа агенција на ОН, Рафаел Маријано Гроси.
Тој изјави дека минатата недела почнал консултации со претставниците на Украина и Русија за формирање на заштитна зона околу нуклеарната централа во Запорожје и дека е подготвен да ги продолжи тие разговори оваа недела.
Директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија нагласи дека мора да се направи се за да се спречи нуклеарна несреќа, која само ќе ги зголеми страдањата на граѓаните.