66
Во второто коло од Светското ракометно првенство во Франција ќе се одиграат вкупно седум натпревари во сите четири групи.
Македонија во 20:45 игра против репрезентацијата на Ангола, а во групата Б, исто така Словенија ќе игра против Исланд, а Шпанија ќе се пресмета со Тунис.
Во групата А се играат два натпревари: Бразил против Полска и Норвешка против Русија. Првиот натпревар од второто коло во оваа група се одигра вчера, а Франција ја победи Јапонија со 31:19.
Во групите Ц и Д ќе се одигра по еден натпревар, Хрватска против Унгарија и Египет против Данска.