240
Полицајци од Перу облечени како суперхерои од познатата филмска франшиза „Марвел“ ловеле дилери на дрога на улиците на главниот град Лима.
Спајдермен, Капетан Америка, Тор и Црната Вдовица учествувале во полициската акција при која беа претресени неколку куќи во населбата Сан Хуан де Луринганчо, пишува Би-Би-Си.
Во акцијата под кодно име „Марвел“ полицијата уапсила четири лица, а запленети се 3.250 пакувања кокаин, како и кеси со марихуана и кокаин.
Целата акција била организирана за Ноќта на вештерките, па поради тоа полицајците решиле да облечат костими.