Спајдермен и Тор ловеа дилери на дрога: Необична слика на улиците на Перу (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Полицајци од Перу облечени како суперхерои од познатата филмска франшиза „Марвел“ ловеле дилери на дрога на улиците на главниот град Лима.

Спајдермен, Капетан Америка, Тор и Црната Вдовица учествувале во полициската акција при која беа претресени неколку куќи во населбата Сан Хуан де Луринганчо, пишува Би-Би-Си.

Во акцијата под кодно име „Марвел“ полицијата уапсила четири лица, а запленети се 3.250 пакувања кокаин, како и кеси со марихуана и кокаин.

Целата акција била организирана за Ноќта на вештерките, па поради тоа полицајците решиле да облечат костими.

Слични содржини