2,7K
Американската компанија Space X потпиша договор за лансирање во орбитата на четири европски навигациски и комуникациски сателити, објави денеска Wall Street Journal (WSJ).
Последниот збор ќе го имаат Европската комисија (ЕК) и земјите-членки на ЕУ кои мора да го одобрат овој договор, пренесe Ројтерс.
SpaceX и Европската вселенска агенција (ESA) неодамна потпишаа договор за две лансирања на ракети следната година, при што секој ќе носи по два сателити Галилео, изјави за WSJ директорот за навигација на ESO, Хавиер Бенедикто.