199
Ракетната компанија SpaceX на американскиот милијардер Елон Маск утринава лансираше вселенски брод со четиричлен екипаж во орбитата на пат кон Меѓународната вселенска станица.
Екипажот се состои од руски космонаут, астронаут од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и двајца членови на екипажот од НАСА.
Ракетата-носач на SpaceX, која се состои од ракетата Falcon 9 на врвот на капсулата Crew Dragon со автономна контрола, полета во 05:34 часот по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.