239
Планираното лансирање на вселенско летало на Месечината беше откажано помалку од два часа пред полетувањето кое требаше да се случи денеска, соопшти изведувачот на лансирањето, SpaceX.
SpaceX, приватната ракетна и сателитска компанија на милијардерот Елон Маск, на платформата X соопшти дека тимот за лансирање „се откажал од обидот“ поради неправилните температури на метан при последните подготовки.
Компанијата додаде дека следниот обид за лансирање на вселенското летало без екипаж е закажан за четврток во 01:05 часот по средноевропско време, пренесува „Ројтерс“.