252
SpaceX, чиј основач и директор е Елон Маск, отпушти неколку вработени кои стоеја зад отвореното писмо во кое се осудува овој милијардер за неговото однесување, пренесе „AP“.
Медиумите во петокот го цитираа писмото од Гвин Шотвел, претседател на SpaceX, во кое се вели дека компанијата ги отпуштила вработените кои го составиле и дистрибуирале контроверзното писмо.
„Њујорк тајмс“ пишува за овие откази, врз основа на информациите на тројца вработени кои не се именувани, а не се знае колку работници останале без работа, но Шотвел не оставил сомнеж дека компанијата верува дека преминале „неприфатлива граница“, според АП.