Спајиќ: Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека целиот Западен Балкан има место во Европската Унија и дека Црна Гора ќе биде членка на Унијата од 2028 година.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Фејсбук/Милојко Спајиќ

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека целиот Западен Балкан има место во Европската Унија и дека Црна Гора ќе биде членка на Унијата од 2028 година.

На социјалните мрежи синоќа тој изрази согласност со изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека влезот на Западен Балкан како целина во ЕУ е најдобрата идеја и изрази очекување дека Црна Гора ќе го постигне членството веќе во 2028 година.

„Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ќе ве чекаме таму од 2028 година и навиваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“, напиша Спајиќ синоќа на мрежата X.