Српскиот НБА кошаркар Никола Јокиќ реши ова лето целосно да се одмори и да ужива во родниот Сомбор, при што на гости му дојде неговиот соиграч и пријател од Денвер, Ерон Гордон.
Дуото веќе неколку дена поминува на северот на Србија, а заедно ги следеа и настапите на коњите на Јокиќ на хиподромот во Сомбор.
Секако, не можело се да помине без да се отиде во кафеана, па Гордон имал можност да види како се хранат луѓето во Србија, но и општо во регионот.
Двајца кошаркари уживале во една кафана во Сомбор и очигледно добро се нахраниле. Така настанала и урнебесната фотоградија која ги воодушеви сите.
На неа се гледаат Јокиќ и Гордон сликани со келнер, а српскиот кошаркар држи кеса со храна спакувана за да ја однесе дома. Јокиќ исто така може да се забележи дека е облечен во маица на прерамки и влечки.
Nikola Jokic and Aaron Gordon eat together at Gradska Kafana, I'm told, a restaurant in downtown Sombor. pic.twitter.com/l1XYL8yZ6j
— Harrison Wind (@HarrisonWind) August 14, 2023