Спалети: Барселона заслужи реми, но не и таков пенал

од Vladimir Zorba

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети изрази незадоволство од судијата за досудениот пенал против неговиот тим во ремито 1:1 против Барселона во плејофот за влез во 1/8-финалето на Лига Европа.

Пеналот го изведе Феран Торес и така Барселона стигна до реми. За италијанскиот тим голот го постигна Пјотр Гиелински.

Реваншот е за една недела во Неапол.

„Во првото полувреме покажавме дека можеме да играме нерешено со Барселона. По паузата ја контролираа играта, но тоа е разбирливо. Не можевме да ја одржиме играта од првото полувреме во текот на целиот натпревар. Со сета почит кон Барселона, мислам дека им дадоа неправеден пенал. Заслужија реми, но не на овој начин“, изјави Спалети.

Слични содржини