216
Состојки:
– 200 гр спанаќ
– 200 гр павлака
– 3 јајца
– 50 гр овесна каша
– 2 лажици гриз
– 300 гр пилешко бело месо
– 100 гр сирење
– 30 мл маслиново масло
– сув билен зачин
– сол, бибер
Подготовка:
На многу малку масло пропржете го пилешкото бело месо. Зачинете со суви билки и бибер.
Спанаќот ситно се сечка, па се додаваат сите останати состојки.
Додадете дополнителни зачини по вкус и добро измешајте.
Истурете ја смесата со спанаќ во сад за печење подмачкан со масло, а врз него распоредете го месото.
Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени и печете околу 30 минути.
По желба може да се премачка со кисела павлака додека е уште топол.