Спасени сите осум лица од заглавената жичница во Пакистан

од Radmila Tasevska
240 прегледи

Пакистанската армија денеска спаси шест деца и двајца возрасни, кои беа заробени во жичницата, заглавена на висина од околу 370 метри над длабока бездна откако се скина кабел.

Операцијата со висок ризик е успешно завршена по повеќе од 15 часа, јавија светските агенции.

Децата со жичницата патувале на училиште во оддалечената планинска област Батаграм, околу 200 километри северно од Исламабад, соопштија властите.

Слични содржини