Спасено кит младенче од Темза (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Kит младенче во должина од три метри беше ослободено откако се насукало во реката Темза, западно од Лондон, објави пристаништето во Лондон.

Британската агенција „Ројтерс“ пренесува дека животот на младенчето „виси на конец“ затоа што е исклучително младо и далеку од својот дом.

Специјален тим спасувачи од пристанишната управа, Кралскиот национален институт за спасување (РНЛИ), британската организација за спасување морски цицачи, противпожарната бригада во Лондон и полицијата работеа со часови во текот на ноќта за да го ослободат китот.

Околу полноќ, тие го ставија китот на специјален понтон на надувување и го влечеа на повеќе од еден километар низводно од браната Ричмонд Лок.

Китот потоа се лизнал од понтонот и последен пат бил виден како слободно плива во реката.

– Тоа е мал успех во смисла дека животното повеќе не е заробено на бетонот, но животот на китот „виси на конец“, бидејќи е повреден, многу млад и далеку од дома – рече Мартин Гарсајд, портпарол на лондонското пристаниште.

Тој додаде дека ова животно доаѓа од северот на Северното Море, па затоа е оддалечено стотици километри од местото каде што треба да биде.

Тој исто така изјавил дека неговата мајка не била забележана.

Слични содржини