Во дебатната емисија „Click Plus“ на ТВ 21 вчера гостуваше проф. д-р Александар Спасеновски
За најавената реформа во образованието, за „Родител 1“ и „Родител 2“, тој истакна дека децата се навикнати на мајка и татко и така треба да остаане.
„Нашите деца, односно најголем дел од децата знаат за мајка и татко, и сметам дека тоа така треба да остане, но се разбира дека слободата на луѓето е ограничено со слободата на другите луѓе, не навлегувајќи во природната сфера на никого. Демократската држава им остава слобода луѓето во согласност со правните прописи и поредокот на државата да се однесуваат како што сакаат, меѓутоа немојте да влијаете остатокот луѓе кои што не се согласуваат со тоа. Оставете им го правото на избор, оставете им родителите да бидат мајка и татко на огромното мнозинство граѓани на оваа држава“, посочи Спасеновски.