Спасовски: ЕК бележи добро ниво на соработка меѓу нас и земјите членки на ЕУ, соседите, Европол и Европравда

од Radmila Tasevska
218 прегледи

Во извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023, во делот за борба против организираниот криминал, забележан е континуитетот во доброто ниво на оперативна соработка со земјите-членки на ЕУ, соседните земји кои не се членки на ЕУ, Европол и Европравда во текот на извештајниот период, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговата Фејсбук страница.

– Северна Македонија. Усвојувањето и спроведувањето на потребната легислатива за регулирање на активноста на Канцеларијата за поврат на имот и зголемување на капацитетот на Националниот координативен центар за борба против организираниот криминал, ќе придонесат да се подобри ефективноста на спроведувањето на законот во борбата против одредени форми на криминал, како што се перењето пари и финансискиот криминал, а координацијата останува клучна, за сите чинители вклучени во борбата против организираниот криминал, се наведува во објавата на социјалната мрежа.

Слични содржини