Денес се оддржува петтиот состанок на Управниот одбор на Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност, на којшто ќе присуствува и Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Пред речиси две години ние, министрите за внатрешни работи и безбедност од регионот на Западен Балкан, го одобривме процесот на рефлексија на оваа Иницијатива. Се согласивме дека ИИСГ претставува пристап на политичко ниво, воспоставен да го канализира развојот на внатрешната безбедност на еден функционално интегриран начин, кој не само што ќе ги координира напорите, па ако сакате, и инвестициите на надворешната помош и помошта на ЕУ, туку ќе ги интегрира и релевантните регионални или други инструменти и алатки за да се подобри нивната функционалност и долгорочна стабилност“, стои во објавата на фејсбук на министерот Спасовски.