Спасовски: Исплата на додаток за работна успешност од 10% на припадниците на македонската полиција кои беа ангажирани на терен на 4 февруари февруари

од Radmila Tasevska
186 прегледи

„Како министер за внатрешни работи го искористив правото што ми го дава Колективниот договор на МВР ( чл.160, 161 и 162) и на денешната седница и’ предложив на Владата, која го усвои Заклучокот за исплата на додаток за работна успешност од 10% на припадниците на македонската полиција кои беа ангажирани на терен на 4 февруари.

Согласно заклучокот, сите полициски службеници кои во саботата се погрижија за достојно чествување на 151 година од раѓањето на великанот Гоце Делчев, ќе бидат наградени со исклучителна компонента – додаток за работна успешност во висина од 10% од основната компонента на платата на работникот, за што средствата се обезбедени во Буџетот на МВР“, – напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи.

Слични содржини