Спасовски: Ќе има одговорност за загрозувањето на граѓаните на Скопје со несобирање на сметот

од Radmila Tasevska
349 прегледи

„Сериозна штета е напревана по здравјето на скопјани. Скопје и скопјани не заслужуваат ваква ситуација. Овој случај се работи во Основното јавно обвинителство, за блокадата и несобирањето на смет. Кога ќе имаме конкретни факти и докази ќе ги соопштиме и ќе има одговорност“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека е жално што во 2023 година разговараме за тоа дали Скопје треба да тоне во ѓубре или не и што дојдовме до ваква ситуација поради политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од политички аспект е јасно кој е одговорен за ситуацијата, оние кои ги добија локалните избори во Скопје, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Се друго ќе се утврди по истрагата и секој треба да сноси одговорност“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека до МВР се уште не е пристигната пријава дека некои лица добивале плата, а не доаѓале на работа и дека злоупотребувале финансиски средства и најави дека кога ќе стигне пријава, дали до нив или до Јавното обвинителство со сите аргументи и факти ќе се спроведе истрага.

Слични содржини