Спасовски: Кривично дело е издавање на викендички, изготвен е протокол за постапување

111 прегледи

На денешната прес конференција посветена на 100 дена Влада, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски даде свој отчет за сработеното во изминатиот 100 дневен мандат.

На новинарско прашање, како МВР ќе се справи со групирањето кое евентуално е можно за новогодишните празници и тоа дали има информација за издавање на викендички, министерот Спасовски вели:

„Владата донесе сет мерки, кои никој не ги посакува, но се неизбежни во овој период. Но, во овој момент кога имаме жртви, треба сами на себе да си помогнеме и на нашето окружување. Нема никакви забрани за издавање на викендици за едно семејство, меѓутоа е кривично дело издавање на група на луѓе. Зошто би била забраната за угостителските објекти и хотелите, ако тоа би се правело во викендици. Превентивно реагираме уште сега, веќе се изготвени сите планови за засилени контроли. Такашто за полицијата ќе има многу работа, но здравјето и безбедноста на граѓаните е пред се“.

Слични содржини