Во своето гостување во „Само вистина“, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се осврна на истрагата и сподели за соработката врзана за аферата со македонските пасоши.
„Аферата за пасошиште е оперативна акција покрената од МВР, познато е дека се уапсени 8 лица, додека за 1 се трага со Меѓународна потерница. Знаете дека соработувавме со меѓународните власти, и оваа истрага донесе резултати по повеќе од една година работа на неа. Важно е да се знае, дека нема да има толеранција за ниту еден кој е вмешан во оваа афера. Но, деталната истрага ќе покаже дали некој бил присутен тука, како се користеле македонските пасоши и се што ќе докажеме. Во овие денови се прибавуваат докази. Важно е исто така што институциите реагираа веднаш и помогнаа да се прошири и целосно да се расветли оваа афера. Сите лица чии идентите се злоупотребени ќе бидат заштитени“, истакна Спасовски.