Спасовски на осветување на црквата Пресвета Богородица во Ростуше

од Radmila Tasevska
323 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил објави дека денеска присуствувал на осветување на црквата Пресвета Богородица во Ростуше, од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски Партениј, со молитвено учество на дебарскиот архиерејски намесник о. Миле Ангелковски, на Бигорското монашко братство и на сестринството од манастирот Свети Георгиј Победоносец во село Рајчица.

– Благодарност до Епископот Партениј и на монашкото братство за овој свет и значаен историски чин за долнореканскиот крај, за заложбите и личниот труд за возобновување на храмот на Божјата Мајка, со што жителите и селото Ростуше добија исклучително убав храм кој ја слави милоста за доброто на сите жители, напиша Спасовски на фејсбук.

Слични содржини