Спасовски на сите православни христијани им го честита Бадник

од Radmila Tasevska
264 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сите православни христијани им го честита Бадник, предвесникот на Христовото раѓање.

-По четириесетдневниот пост да се подготвиме да ја пречекаме и прославиме веста за Христовото раѓање со посна вечера посветена на големиот Син божји и молитва. Почитувајќи ја традицијата, да заборавиме на лошото, да научиме да простуваме и да го отвориме срцето за другите, давајќи и можност на добрината да ги усреќи сите околу нас. Споделувајќи божикни радости, заедно со најблиските, во ноќта на мирот, радоста и сплотеноста, будни го дочекаме Христовото Рождество, а едноставноста и умереноста да бидат и сега наши добродетели, покажувајќи ни го вистинскиот пат на Христијанинот, наведува Спасовски во честитката објавена на неговиот фејсбук профил.

Слични содржини