Средба со претставникот од УНИЦЕФ во С.Македонија, Патриција Ди Џовани, денес остварија министерот за внатрешни работи Оливер Дерковски и државната секретарка, Магдалена Несторовска.
Како што соопштуваат од МВР, на оваа средба биле разгледани сегашната и идна соработка меѓу ресорното министерство и Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.
Спасовски потенцира дека покрај размената на информации и гледишта во делот на досегашната соработка, со своите најблиски соработници ќе работи на нејзино унапредување.
Во таа смисла биле посочени предлози меѓу кои и усогласувањето на законодавството со ЕУ и меѓународните стандарди, соработката во однос на заштитата од насилство преку интернет, сместувањето на децата странци, меѓуресорската соработка, како и работата на меѓусекторските тимови, особено во контекст на заложбите на Владата за постепено ставање на крај на насилството врз децата и нивна заштита.
„Од двете страни беше изразена отвореност за соработка преку различни форми, а особено преку проектот поддржан и од Европската унија за заштита на децата и реформите во правосудниот систем, во кој покрај МВР се инволвирани и повеќе други национални институции, вклучување на МВР во системот Мој термин на Министерството за здравство при случаи на насилство врз децата, дигитализација на работата на МВР. Спасовски и Ди Џовани остануваат отворени за соработка во полза на заедничката цел – заштитата на најмалите“, посочија од МВР.