Спасовски: Набавката на софтверот не е нарачка на МВР, а истиот е набавен од Генералниот секретаријат

315 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека е важната контролата во сообраќајот. Меѓудругото се осврна и на оставката на Рашковски, иако го оцени накратко како личен чин и не навлезе во анализа на текстот од истата.

„Две работи се многу важни. Ако зборуваме за тоа дали имаме потреба од софтверско решение, да, има потреба, бидејќи ни е е потребна контрола за да немаме човечки фактор. Второ, оставката е личен чин, не сакам да шпекулирам и да кажам кои се причините, но се покажува дека се чувствува одговорност. Но, најважно е да бидеме транспарентни, одговорни и отчетни. Оттаму, сосема е неважно што пишува во текстот, важно е она што се работи да биде одговорно пред граѓаните. МВР посочи дека набавката која е направена во Влада, не е направена по нарачка на министерството, но е направена преку Генералниот секретаријат кога Рашковски бил на функцијата.Во суштина, најважно е да имаме кредивилни инситуции, и да ги приберат сите потребни информации“, истакна Спасовски.

Слични содржини