(ВИДЕО) Спасовски: Неопходна е професионализација на полицијата

од desk3
106 прегледи

Неопходна е професионализација на полицијата за поголема безбедност и враќање на довербата кај граѓаните, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на Полициската станица Карпош во Скопје.

Според Спасовски, професионализацијата ќе значи поголемо присуство на полицијата на терен и превентивно делување за намалување на криминалот, кражбите и разбојништвата.

-Професионална-полиција-во-служба-на-граѓаните‏

– Мора да ги менуваме работите на подобро. Потребно е да се професионализира службата и да застане во интерес на граѓаните. Преку вакви, директни средби на полицајците со граѓаните, непосредно, на терен, сакаме да ја вратиме довербата во македонската полиција. Мора сериозно да се бориме и против криминалот и корупцијата и тоа да биде транспарентно и неселективно, истакна министерот.

Секој што го прекршил законот, нагласи, треба да биде соодветно санкциониран, а за да го одработат тоа, полицајците треба да бидат мотивирани.

Денешната посета на Полициската станица Карпош е во рамки на серијата посети што ги реализира Спасовски на ниво на цела Македонија. Досега беше во полициските станици Кисела Вода, СВР – Скопје, Дебар, Струга,… И во Карпош, каде, како што рече, разговарал со полицајците и кандидатите за полицајци, биле истакнати проблемите со кои тие секојдневно се случуваат, како тие да се надминат, но бил информиран и за актуелната безбедносна состојба во општината. /МИА