Спасовски: Отворивме истрага за да откриеме кој од полицијата изнесува документи кај опозицијата и медиумите

682 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“ вечерва, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во рамки на осврнувањето на аферата „Двојник“ потенцираше дека веќе е отворена истрага, со цел да се дознае кој од полицијата изнесувал документи и ги пренел на опозицијата.

„Ние како МВР отворивме посебна криминалистичка обработка која се однесува на вработени, и сегашни и поранешни, кои во одреден момент ваделе документи и ги давале во опозицијата или во медиумите. Не е ова само за пасошите, туку и за други документи. До сега имаме прибрано многу податоци и ќе знаеме кој на каков начин вадел документи и затоа секој мора да размисли какви постапки прави., Не вреди да земате плата од граѓаните, да се заколнете дека ќе почитувате Устав и закони и тоа нешто да го погазите заради партиски интерес или интерес од криминални и бизнис понуди.“- откри Олоивер Спасовски, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Слични содржини