Со надградбата на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC) во Скопје, од Проектна во Програмска Канцеларија, практично се отвори патот наместо фокусирање на еднократни проекти, да се концентрираме на организирање, изготвување, реализирање и координирање на портфолио на долгорочни проекти, програмирани согласно нашите заеднички интереси и потреби“.
Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешното потпишување на Писмото за спогодба помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC) околу реализацијата на заеднички проекти на двете институции за подигање капацитетите и ефикасноста на граничната контрола и безбедност, насочен кон борбата против транснационалниот криминал и тероризмот.
Претходно, дене на својот фејсбук профил се огласи, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски каде објасни што овој дговор опфаќа.
Денес имам особена чест и задоволство, во името на Владата на РСМ и МВР, да го потпишам Писмото за Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Канцеларијатa на Обединетите нации за дрога и криминал-UNODC, со цел спроведување на два проекти на оваа канцеларија на ОН во нашата држава.
Воспоставувањето на национална аеродромска меѓуресорска група ќе биде преку 2 активности:
Проект за комуникација на аеродромите кој има за цел воспоставување оперативна комуникација во реално време меѓу аеродромите заради спречување и борба против транснационалниот криминал и тероризам и
Програма за контрола на контејнери со цел градење капацитети за управување со ризик, безбедност на синџирот на снабдување и олеснување на трговијата на пристаништата, аеродромите и копнените гранични премини од аспект на спречување прекугранично движење на недозволенa стока.
Овие активности, несомнено и во голема мера ќе придонесат кон натамошно зајакнување на архитектурата на органите за спроведување на законот во борбата против транснационалниот организиран криминал и тероризмот во Република Северна Македонија и ќе имаат значаен ефект за зајакната гранична безбедност и генерална безбедност, како на национален, така и на регионален план.