Спасовски: Познавам политичари кои од ништо направија хидроцентрали

од Берта Китинска
342 прегледи

И во време на криза треба да има капитални проекти, штедењето треба да биде кон другите работи како луксуз на репрезентации, мобилни телефони на она што го имавме како прилика да го видиме во време на режимот високи сметки во кафани, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за Утрински брифинг.

-Јас многупати имам кажано дека не користам бизнис катричка, не кориостам службен мобилен телефон и гледам ваквите трошоци во МВР да ги сведеме на минимум, вели Спасовски.
Во врска со возниот парк на МВР тој напоменува дека не е во возна состојба и дека новите возила не би биле за началници туку за оперативно работење, но како што тој вели дека поради рестрикциите кои се донесени, оваа набавка ќе треба да биде одлучена на влада.

На обвинувањата на опозицијата дека секој што ќе влезе во политиката влегува за да стане милионер, министерот вели дека знае неколку политичари кои немаа ништо па сега имаат неколку хидроцентрали, возила.

-Јас не сум и нема да бидам милионер, вели министерот, додавајќи дека тој познава политичари кои немаа ништо па сега имаат неколку хидроцентрали, возила и слично.