СДСМ инвестира во сегашноста и иднината – ВМРО-ДПМНЕ ја растура државата.СДСМ гради едно општество за сите граѓани / ВМРО-ДПМНЕ ги дели и сее омраза.СДСМ гради капитални проекти / ВМРО-ДПМНЕ фасади од стиропор, пишува на својот Фејсбук профил министерот за внтрешни работи, Оливер Спасовски.
Правејќи споредба Спасовски вели дека СДСМ го зголеми растот на платите за три пати додека пак ВМРО-ДПМНЕ ја поскапе струјата за 100%.
-СДСМ ја намали младинската невработеност на 29% / ВМРО-ДПМНЕ ја остави на 42%.СДСМ се бори да изгради нов Клинички Центар / ВМРО-ДПМНЕ го блокира по секоја цена.СДСМ се бори за имунизација / ВМРО-ДПМНЕ организира антиваксерски протести.Вие почитувани граѓани нема да дозволите неодговорната опозиција, да ни го одземе Најдоброто, пишува Спасовски.