Спасовски: Реконструираниот објект на ЕВР Гази Баба ќе обезбеди подобри услови за работа на полициските службеници

од Radmila Tasevska

Реконструираниот објектот на Единицата за внатрешни работи во Гази Баба е еден од 80 објекти кои се по сите стандарди за енергетска ефикасност и за заштита на животната средина. Тој е реконструиран на начин да обезбеди добри услови за работа на полициските службеници, но и добри услови за остварување на правата на граѓаните кои гравитираат кон ЕВР Гази Баба, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, кој беше во работна посета на овој објект.

Тој во рамки на посетата вечерва одржа и работен состанок со раководство на СВР Скопје и ЕВР Гази Баба, при што информираше дека разговарале за постигнатите резултати за 2023 година и за приоритетите кои што ќе следат во 2024 година. Тој посочи дека е намален криминалитетот во овој регион а зголемена е ефикасноста. Како што рече, нема нарушување на јавниот ред и мир а оваа година речиси и да немало насилства или друг вид на конфликти кои доаѓале помеѓу учениците или меѓу националните односи.

-Сите резултати кои се постигнати на територија на ЕВР Гази Баба, која опфаќа 200 илјади жители, се вклопуваат во генералниот амбиент на безбедносната состојба, која е мирна и стабилна, без некакви индиции за нарушување. Имаме намалување на криминалитетот и зголемување на ефикасноста од просекот, во споредба со другите сектори за внатрешни работи. И во делот на кривичните дела има постигнато голема ефикасност, изјави Спасовски.

Според министерот, реконструкција на овој објект ќе им биде мотив на на полициските службеници кои работат тука да продолжат со реализација на стратешките приоритети на МВР и наредна 2024 година да работат во правец на намалување на криминалитетот.

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска која вечерва исто така беше во работна посета на ЕВР Гази Баба им честита на полициските службеници кои се на првата линија во борбата против корупцијата за резултатите кои ги покажаа оваа година и докажаа дека довербата на граѓаните кај полицијата е на високо ниво.

-Целта на реновирањето на овој објект од страна на МВР е во насока на подобрување на капацитетите и условите за работа на униформираната полиција. За да има успех во борбата против корупцијата и организираниот криминал, треба да имаат добри услови за работа, додаде Грковска.

Слични содржини