„Истрага води Специјалното јавно обвинителство“ – е одговорот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашењето дали и каде се пронајдени 35.000 изработени, а неподигнати лични карти кои ги обелоденија од СЈО.

oliver_spasovski-mvr-640x400

„Штом се спомнуваат во случајот Титаник значи дека се водело и се води истрага во Специјалното јавно обвинителство. СЈО ја води целата истрага и што е до МВР дава апсолутна поддршка и помош во однос на секој сегмент во однос на истрагите. Сметам дека на Македонија и на МВР не им се потребни сензационализми. Најдобро е да имаме правили и темелни истраги, да ги расчистуваме ситуациите и случаевите и тоа да се спроведува во рамките на законот и институциите. Нема потреба и досега немало потреба иако многу често се случуваше да имаме сензационализам“.

Слични содржини