Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го оцени случајот со контроверзниот украинец Олександр Онишченко како настан кој го урива кредибилитетот на државата и на Агенцијата за национална безбедност.
„Имам сосема јасен став по ова прашање, тоа е настан кој го урива кредибилитетот на државата и на Агенцијата за национална безбедност и тука немаме дилема. Случајот нема да ја наруши безбедноста на земјата. Ќе има одговорност за тие што погрешиле“, вели Спасовски.