Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес во 14 часот ќе ја посети полициската станица во Матејче каде што се очекува да информира за синоќешната акција во Липковско и во Арачиново.

Според досегашните првични информации, акцијата била спроведена поради бегалската криза и дека полицијата трагала по мигранти во Матејче, Слупчане, Липково и во Арачиново.
Дел од медиумите пренесоа информации дека акцијата била применета како контролна мерка на припадници на терористичката група од Диво Насеље, но ова не беше потврдено.