За јазикот и идентитетот нема никој право да разговара ви ниту еден момент. За се останато од заеднички интерес може да се дискутира, но не и за прашањата кои значат македонски јазик и македонски идентитет, потенцира Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Во рамки на преговорите со Бугарија кои се актуелни, Спасовски смета дека Владата прави напори за да се постигне компромис во однос на отворените прашања.
„Секако дека секој има право и можност како ќе постапува во тој дел. Ние остануваме посветени на нашиот европски пат, ќе направиме се за да ги реализираме овие европски аспирации. Како Влада покажавме во изминатите години дека знаеме да решиме прашања, да затвориме тешки прашања, знаеме да ги отвориме перспективите за граѓаните, меѓутоа тоа мора да биде на принципелна основа, на почитување на едни со други, на помирување едни со други и тоа се принципите на кои ќе мора да работиме и понатаму“, истакна министерот Спасовски.
На новинарско прашање, дали бугарското „не“ за почеток на преговори со ЕУ може да влијае врз безбедносната состојба, Спасовски вели дека нарушување на безбедносната состојба нема и не може да има.
„Нема никакви индиции заради тоа што инситуциите на државата функционираат нормално и сите елементи од безбедносниот сектор се насочени кон тоа, да го зачуваме мирот и безбедноста на граѓаните“, потенцира Спасовски.