Спасовски за тврдењата на Мицкоски дека го следелe со дронови: Продавање магли визави реалните проблеми

од Milan1
30 прегледи

„Продавање на магла наспроти реалните проблеми и неуспеси кои ги трпи државата“. Вака координаторот на пратеничката група на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски,  ги коментира наводите на премиерот Христијан Мицкоски дека бил следен со дронови од страна на безбедносните служби, додека беше лидер на опозицијата.

„Продавање магли визави реалните проблеми и неуспеси кои ги трпи државата во изминатите неколку месеци, не може да се покрие тоа лошо менаџирање, лош старт на новата Влада и сите други активности со вакви паушални искажувања“,  рече Спасовски вечерва во гостување на ТВ21

Тој додава дека, сепак, овие тврдења се сериозни.

„Ова сè мора да помине низ институциите и да се утврдат овие факти што е можно побрзо“, вели Спасовски.

Слични содржини