Спасовски: Тренд на намалување за 27% на обидите за илегални преминувања во С. Македонија

од Берта Китинска

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил информира дека во првите два месеци од 2022 година забележан е тренд на намалување на обидите за илегални преминувања во Северна Македонија.

-Во првите два месеца од 2022 година забележуваме тренд на намалување за 27% на обидите за илегални преминувања во Северна Македонија – Граничната полиција успешно се справува преку превенирање и навремени интервенции:
Спречени се 1.439 обиди, од нив во февруари – 764, а во јануари – 675 обиди. Дури 77% од обидите се спречени на границата со Грција или 1.119 обиди, 280 на границата со Србија, 28 на границата со Албанија, 10 на границата со Косово и 2 на границата со Бугарија. Во однос на земјите на потекло на спречените мигранти, доминираат Пакистан со 351 мигрант, Сирија со 236 и Индија со 211 мигранти. Од друга страна, пак, тренд на зголемување за четири пати се забележува во бројот на откриени случаи на криумчарење мигранти. Или, откриени се 16 случаи на криумчарење на 150 мигранти.Продолжуваме со ефикасната и ефективна борба против илегалната миграција и криумчарењето на мигранти, како МВР остануваме посветени сме на добрата координација, размената на информации и споделената одговорност во решавањето на ваквите состојби, пишува Спаосвски.

Слични содржини