Спасовски: Забрзување на протокот на луѓе, стоки и услуги е крајната цел на Отворен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, на наплатната рампа Прешево го промовиравме заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините – брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува непреченo движење преку териториите меѓу двете земји, напиша на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ова е крајната цел на Отворен Балкан -забрзување на протокот на луѓе, стоки и услуги и на капитал, истакна тој.

„Веќе се проширени и лентите за побрзо поминување на границите, а како МВР веќе работиме на единствено софтверско решение кое ќе овозможи само една контрола на границата меѓу Србија и Северна Македонија, со што ќе биде уште повеќе забрзано поминувањето на границата“, додаде Спасовски.

Слични содржини