Спасовски: Запленети 7 кг хероин со вредност од 300.000 евра

од Nikola Popovski
400 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово информираше дека за само два месеца запленети 7 кг хероин со вредност од речиси 300.000 евра.

-Ова раководство на МВР зазема бескомпромисен став во сузбивање на недозволената трговија со дрога, продолжуваме со ефикасно откривање и неселективна борба против овие појави, додаде Спасовски.

Пред само неколку дена во две акции, полицијата заплени поголема количина дрога во Ресен и Струмица.

Слични содржини