Додека во Северна Македонија сé уште не слегнала прашината од тешките зборови на „контроверзниот“ владика на МПЦ ОА, Петар, кој феминизмот и родовата еднаквост ги прогласи за изопаченост, и предвиде „апокалиптично сценарио“ во кое на нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост, а веќе до ушите на јавноста во државава стигнаа слични обвинувања од патријархот на, сега веќе сестринската, Српска православна црква, Порфириј, кој се обрати кон една жена со недолични зборови за мантијата што ја носи.
Заедничко за двајцата „великодостојници“ на двете цркви, од неодамна во канонско единство, е што нивните обраќања воопшто не се во согласност со етичкиот принцип на христијанската религија – „сакај го ближниот како себе си“, а нивните ставови со кои тие, се чини братски) ги навредуваат жените, сѐ уште се предмет на контроверзии.
Во српската јавност беше објавено видео од поглаварот на Српската православна црква во кое се изразува родово сензитивен, односно речник на навреди за важна тема.
„Ќе плачев, ќе врескам, кога ќе видам кутра жена што си ја менува тезата… Таа вели дека се бунтуваат против законот за јазик, за чувствителниот јазик… Па, кутра и бедна“, рече патријархот Порфирије.
Целиот текст на следниот линк!