Специјалци од Авганистан го чуваат Роналдо

од Nikola Popovski
244 прегледи

Како еден од најпопуларните и најбогатите спортисти во светот, Кристијано Роналдо привлекува големо внимание каде и да се појави.

Ваквите луѓе често се мета на крадци, криминалци или луѓе со психички проблеми, па популарниот ЊCR7“ не сакаше ништо да препушти на случајноста.

Големата португалска ѕвезда каде и да се појави ја чуваат двајца специјалци од Бразил.

Тоа се браќата Серхио и Хорхе Рамалеиро, кои во минатото како војници се бореле во Авганистан, пишува британски „Сан“.

Овие двајца поранешни војници се фотографирани со Роналдо и неговата сопруга во неколку ситуации.

Откако овие двајца браќа се вратиле во Португалија, работеле во полиција и биле задолжени за чување на судии и политичари, а потоа решиле да работат приватно.

„Тие се способни да се облекуваат елегантно и да изгледаат нормално и да се вклопат, но брзо размислуваат и дејствуваат во вистинско време“, беа опишани тогаш.

 

Слични содржини