Додека го чекаме првиот редизајн на првото електрично Porsche, на северот на Европа е претставен навистина посебен пример.
Овој Taycan се вика Assasin, а се работи за уметничка инсталација на младиот шведски уметник Фабијан Бергмарк Насман, кој подготвил Taycan „украсен“ со шилци за фестивалот Porsche Scopes. Има точно 73 шилци кои се залепени на телото, според Индекс.
Ваков автомобил тешко би ги поминал безбедносните стандарди, особено во случај на судир со пешак, а тие драстично влијаат и на аеродинамиката, што повлекува поголема потрошувачка на енергија и помал опсег. Ништо, ова е само уметничка инсталација која, според авторот, „ги поставува правилата како да се пристапи кон објект чија површина е покриена со шилци“. Интересно е што оваа тема не е резервирана за автомобилот Porsche, туку уметникот ја користел и на други креации.
Автомобилот доминираше во изложбениот простор од 5.000 метри изграден во напуштена топлана, каде што 65 уметници изложуваа за време на тридневниот настан.