По повод 25 години од основањето на првата специјализирана болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ создаде специјална јубилејна понуда со вклучен пренатален неинвазивен тест (NIPT) во пакетите за породување. NIPT е безбеден и неинвазивен пренатален тест, кој овозможува рано откривање на најчестите хромозомски и генетски состојби кај фетусот, без ризик за мајката и плодот. Тестот се изведува со едноставно земање крв од мајката и се базира врз анализа на слободна фетална ДНК, која циркулира во нејзината крв. Специјалната понуда со вклучен NIPT-тест се реализира во соработка со Биотек лабораторија.
Во рамки на пакетите е вклучена и бесплатна амниоцентеза во случај доколку резултатот на тестот покаже висок ризик. Уште една од многуте бенефиции е и можноста за плаќање на услугите до 60 рати без камата, преку Медиплус BABY-кредитот од Алта банка АД Битола, кој се одобрува во рок од еден ден.
Целосната понуда на пакетите за породување можете да ја погледнете на линкот. Дополнителни информации околу новата понуда сите заинтересирани може да добијат преку контакт- центарот на болницата на телефонскиот број 02/ 30 99 500.
25 години „Систина“ е синоним за доверба – најголем приватен центар за породување и педијатриска грижа во регионот
Со повеќе од 24 000 новороденчиња, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ важи за најголем модерно опремен приватен центар за породување во земјава и регионот. 25 години грижата за идните мајки и нивните најмили е приоритет, применувајќи ги сите светски трендови и технологии во областа на гинекологијата и акушерството. Најголемото приватно родилиште располага со тим од 23 искусни и докажани гинеколози акушери, 20 акушерки и 40 медицински сестри, кои се посветени на грижата за родилките и нивните бебиња.
Во Центарот за асистирaна репродукција „Мала Богородица“, досега се изведени над 36 000 ИВФ-циклуси. Пионер е во имплементација на асистираните репродуктивни техники, а стапката на успешност е на ниво на светските референтни ИВФ-центри. Во центарот работи тим од 8 доктори, експерти од областа на асистираната репродукција, како и 8 медицински сестри едуцирани за работа во ИВФ-центар. Лабораторијата за асистирана репродукција вклучува тим од 9 докажани ембриолози, андролози и лаборанти.
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е отворена и првата приватна Педијатриска болница со педијатриски ургентен центар во кој работат 27 педијатри – специјалисти, од кои 11 педијатри се супспецијалисти. Како засебен сегмент е и најмодерната Единица за неонатална интензивна нега во која работи најдобриот тим неонaтолози во земјава.
Во грижата за критично болните и предвремено родени новороденчиња, вклучени се 9 неонaтолози и 16 високообучени сестри за работа во интензивна нега. Болницата располага и со тим на детски хирурзи и детска кардиохирургија, како и високоспецијализирана кардиохируршка и педијатриска интензивна единица каде што се третираат деца со критични здравствени состојби.