Сликите на кои се гледа како севернокорејска подморница истрелува ракети биле наместени од државниот пропаганден апарат, а на земјата најверојатно ќе и бидат потребни години за да ја развие оваа технологија, соопштува “Ројтерс”, повикувајќи се на аналитичарите и висок претставник на Армијата на САД.

Пјонгјанг, кој е предмет на санкции од страна на ОН и Вашингтон, објави на 9 мај, дека успешно остварила истрелување на балистичка ракета од подморница што беше толкувано како напредок во развојот на вооружени со ракети подморници.
Во средата Северна Кореја ги предупреди САД да не го ставаат под сомнение сувереното право на земјата да ги развива своите одбранбени способности и се пофали со напредокот во намалувањето на големината на нуклеарните глави – тврдење за кое нема докази, а многу експерти го подложуваат на сомнежи.
Според адмирал Џејмс Винфилд од американската морнарица, “години ја делат” Северна Кореја од развојот на технологијата за лансирање на балистички проектили од подморници. “Не станаа толку паметни колку што уредниците на фотографиите и записите се обидуваат да нè убедат дека се”, изјави тој пред Centre for Strategic & International Studies.
Анализа на германските воздухопловни инженери Маркус Шилер и Роберт Шмукер од Schmucker Technologie го поддржува мислењето на адмиралот. Според нив фотографиите од истрелувањето претрпеле “значителна редакција”, а тоа изгледа особено јасно од влијанието на огнот зад ракетата во водата, што не одговара на положбата на самата ракета.

Не за првпат Северна Кореја, која често се заканува да ги уништи САД, претставува лажни докази како доказ за развојот на нуклеарната програма. Шилер и Шмукер посочуваат дека на воени паради во 2012 и 2013 година биле прикажувани лошо изработени фалсификати на балистички ракети.
Според аналитичарите ракетата најверојатно била истрелана од специјално развиен подводен шлепер, а не од подморница. Прикажани од државата телевизија на фотографиите се гледа ракета во небото, која остава трага од бел чад. На другите слики сепак чадот недостасува, што наведува на помислата дека двете слики се на две различни проектили со различни погонски системи, тврдат Шилер и Шмукер.
Јужна Кореја, од друга страна, го одржува своето мислење дека сликите изгледаат автентични. “Не сме се предомислиле дека ракетата е испукана од подморница и е леташе на околу 150 метри над водата”, објави претставник на армијата на Сеул.
Националната комисија за одбрана на Северна Кореја предводена од Ким Јонг Ун, објави дека лансирањето од подморница е “уште едно високо достигнување во развојот на средства за стратешки напад”.