Светскиот гигант за брза храна “Мекдоналдс” им ја даде на Австралијците можноста да купат шише од специјалниот сос од познатите сендвичи “Биг Мек” за скромна сума од 18 000 американски долари (23 100 австралиски).
Предметниот јубилеен сос за специјалното 500 мл шише Limited Edition Big Mac Special Sauce Bottle е едно од 200-те изложени за продажба само на eBay. Тие не се нудат во рестораните од синџирот “Мекдоналдс”. Во нивната презентација се тврди дека овој сос е во состојба да разубави сè “од гулаш до колачи”. Парите од продажбата на овие шишиња со специјалниот сос ќе бидат дадени за помош на болните деца и нивните семејства.
“Мекдоналдс” нагласува дека сосот е едно од најкарактеристичните нешта кои се нудат во рестораните од синџирот и клиентите често прашуваат каде можат да си го купат. Тој, сепак, не се продава одделно надвор Биг Мек хамбургери на “Мекдоналдс”. Предложените на аукција 200 шишиња се првите кои компанијата ги произвела и флаширала одделно, рече регионалниот комерцијален директор за Австралија Марк Лолбак.