Спејси се огласи по обвинувањата за сексуална злоупотреба: „Ќе успеам да се одбранам“

од Stefanija Kuzmanovska

Ѕвездата на серијата „Куќа од карти“, Кевин Спејси, е обвинетa за сексуална злоупотреба во Велика Британија, а сега првпат се огласи во јавноста.

Имено, Спејси во изјава за локалните медиуми истакна дека има право на фер борба и дека ќе се појави на суд, а сигурен е дека ќе докаже дека не е виновен“.

– Мило ми е што медиумите и јавноста ги привлече тоа што навистина имам право на фер борба, односно дека не сум виновен додека не ме обвинат – истакна тој неколку дена откако се дозна за скандалот во изјава за „ГМА“.

-Разочаран сум што обвиненијата „поминаа“, но секако доаѓам во Британија доброволно и што поскоро на суд, да се одбранам. Сигурен сум дека ќе успеам во тоа“, се наведува понатаму.

Да потсетиме, британските власти наводно бараат депортација на познатиот актер Кевин Спејси од САД во Велика Британија за да се соочи со обвинувањата за сексуален напад.

Спејси е обвинет за инциденти во кои учествувале тројца мажи, кои наводно се случиле во Лондон помеѓу март 2005 и август 2008 година и во Глостер во април 2013 година. Канцеларијата на државното обвинителство соопшти дека Спејси е обвинет и за поттикнување на лице да се вклучи во сексуална активност без согласност.

Слични содржини